Индиски јагнешки ќофтиња

0
650

Состојки:
– 2 лажици маслиново масло
– 1 кромид
– 1 чешне лук
– 45 гр. путер
– 1 лажица кари
– 2 лажици брашно
– 130 мл. млеко
– 1 лажица доматен сос
– сол
– црн бибер
– 400 гр. варено мелено јагнешко месо
– 2 јајца
– 125 гр. лебни трошки
– брашно

Подготовка:

Испржете го ситно сецканиот кромид во загеаното маслиново масло и кога ќе биде готов додадете го сецканиот лук да се пропржи за 30 секунди. Додадете го путерот и потоа ставете го карито и брашното. Пржете за минута, тргнете ја тавата од топлината и при постојано мешање разредете со млекото.

Вратете ја тавата на топлина и мешајте додека запршката се згусне. Намалете ја топлината и гответе уште 2 минути. Ставете го сосот од домати и зачинете со сол и бибер.

Тргнете ја смесата од топлината и додадете го меленото месо. Оставете ја смесата да се излади и обликувајте ќофтиња.  Ставете ги ќофтињата во брашното, лебните трошки и на крај во јајцата. Покријте ги готовите ќофтиња и оставете ги во фрижидер за 1 час или 1 ноќ.

Пржете ги јагнешките ќофтиња  додека да станат златни. Можете да ги принесете со доматен сос.

На здравје!

 

Коментирај