Имиња и зборови со интересно потекло

0
775
  • Бразил го добива своето име од бразилскиот орев, а не обратно.
    Дрвото било доста познато поради неговата заситена црвена боја и се користело за правење на ткаенини. Така уште во почетокот на 16-от век непознатата земја станала позната во Европа како Terra do Brasil.
  • Зборот „министер“ води потекло од средноанглиски израз, кој пак влече корени од старофранцускиот збор ministre, од латински: minister, што значи „слуга“.
  • Зборот „тестис“ води потекло од латинското testis, што значи „сведок во судот“. Според римското право во судот секогаш се барале двајца сведоци. Од таму е позната и изреката „Testis unus testis nullus“ (Еден сведок не е сведок).
  • Зборот „војна“ значи „желба за повеќе крави“.
  • Зборот „симпозиум“ (од старогрчки во латински) значи „гозба“.
  • Името на Канарските острови нè потсетува на прекрасните мали птички, но латинското „Canariae Insulae“  буквално значи „кучешки острови“. Според историчарот Плиниј Постариот тие биле наречени така, бидејќи таму живееле „огромни кучиња и по бројност и по димензии“. Според друга верзија станува збор за монаси кои Римјаните ги нарекувале „морски кучиња“, кои во тоа време биле населени на островите.

Коментирај