Имав 14 години кога се запознавме, пола живот сум со него, однос од друг не ми треба

0
646

Ивона Неговановиќ – Цуца, долгогодишната љубовница на Шабан Шаулиќ, специјално за српски „Свет“ открива детали за кои досега не зборувала. Кралот на народната музика го запознала пред 15 години.

Рачунајте на колку години го запознав. Имав 14 години кога го сретнав во кафеаната во која пеев. Сите ми велеа: „Шабан те гледа, Шабан те гледа…“. Мене ми беше многу срам! Си мислев што има тој да ме гледа… Така почна се. Потоа ме врати од Босна во Белград и останав тука. Оттогаш не се разделувавме, раскажува Цуца.

Дали ти е криво што Шабан никогаш јавно не призна дека те сака и не застана во твоја одбрана?

Би го менувала својот живот за неговиот. Тој беше мојот живот, моето се… Никогаш не даваше изјави против мене, сè правевме во договор. Никогаш јавно не сакав да признам дека живееме заедно поради неговите деца. Тој многу ги сакаше своите деца. Илда е божествено дете. Таа беше нешто посебно во животот на Шабан. Неа ѝ простуваше сè, како и мене. Ја викаше Линдина. За неговиот прв син Роберт зборувавме постојано, но тајно, кога немаше никој, па дури ни човекот што чистеше и работеше во куќата. Јас во никого немав доверба, а Шабан им веруваше на сите. И секогаш бев во право за сè. Чувството зборува повеќе од илјада зборови. Интуицијата е мајка. Шабан страдаше по Роберт, зборуваше дека направил голема грешка и дека никогаш нема да си прости што не можел да се избори со Гордана. Во еден миг го прашав дали направил нешто страшно поради што Гордана го држи во рака, бидејќи не можев да сфатам како зборува толку лоши работи за својата жена, а не смее да ја остави. Верувам дека неа не ѝ било лесно со него кога бил млад, сепак тој е Шабан Шаулиќ, веројатно страдала многу, но знаете како се вели – каква ти е жената, таков ти е животот. Навистина не ја мразам, само не ѝ требаше да го прави тоа што го правеше. Сите ние имаме деца, и таа и јас, треба да се плашиме од Бога, вели Цуца.

Имаш деца со Шабан?

Остварена сум во нештата во кои секоја нормална жена би требало да се оствари. Со Шабан поминав половина од мојот живот. Никогаш веќе нема да бидам со маж, бидејќи желна за секс не сум, а остварена сум, одговара Цуца.

Како успеавте да го сокриете тоа?

Јас не му верувам на никој! Имам жена која оди да пазари и се грижи за сè. Мислев дека некои нешта не можат да се скријат, но сфатив дека имам талент за криење. Сите имаме своја приватност! Шабан само со мене почувствува што значи вистинска љубов и чувство на припадност и семејство. Откако го нема, не можам да си дојдам при себе, го загубив млекото. Тоа е страшно. Сите ми велеа дека не чини тоа што сме толку врзани. Никој што не ги почувствувал врз сопствената кожа не може да ги разбере работите. Мене Шабан ми призна дека ме сака повеќе од сопствениот живот. Тој никому никогаш не му признаваше дека го сака. Те сакам се многу тешки зборови. Последната песна со Зорица Брунцлик ми ја посвети мене, тврди Цуца.

Дали ќе бараш дел од имотот?

Ние бевме во вонбрачна заедница. Ние бевме заедно 15 години и јас имам право на имот! Да сум безобразна, би можела да го барам својот дел. Според новиот закон, имаш право на имот по пет години. Да сум безобразна би можела, знам дека можам, а знам и кои луѓе би застанале зад мене. Но, не сакам да се грабам. Тој ме сакаше затоа што знаеше дека не сум со него од корист. Мене ништо не ми треба, откако го нема немам ништо и не ми треба ништо. Пандорината кутија полека се отвора, а тоа е најслатко. Го зборувам тоа што го знам и никој не може да ми забрани. Гоца секако треба да му даде на Роберт дел од имотот, тој има право на тоа, како и секое дете на Шабан, а тоа што му дала десетина илјади марки пред сто години за да ја замачка работата, не се важи. Шабан беше плоден човек и сееше деца, и нека, децата се украс на светот, вели Цуца.

Коментирај