Креативнста е сè, добрата идеја може да се употреби во секоја ситуација и околност. Секој предмет околу нас може да се искористи и да има друга намена.
Денеска пробајте неколку трикови од искусни градинари.
Најдете нова примена на картонот од тоалетната хартија. Наместо да го фрлите, променете му ја улогата во домот и искористете го во градината.
Ако сте љубители на цвеќиња сигурно ги имате во голем број. Истите тие бараат внимание и одржување, пресадување кое не секогаш е едноставно.
Картонот може да послужи како мобилен транспортер на семиња и растенија со корени.
Исто така, доколку сте во брзање и немате малечка саксија во моментот, ова е идеално решение.
Погледнете уште неколку други трикови во видеото што следи:
Извор: www.hybread.mk