ИМА И СВЕДОК: Јанева го уценувала Мицкоски дека ќе го одмрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ ако го продолжат нејзиниот мандат

0
2948

МИЦКОСКИ ЗА УЦЕНТАТА ОД СПЕЦИЈАЛНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

Апсолутно е во интерес на граѓаните да постои тело во државата кое ќе гоини висок криминал, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но не тело какво што беше СЈО на чело со овој специјален јавен обвинител. Тој не смета дека СЈО е селективно и се користи како алатка за политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе ви дадам еден пример. Во ова студио седеше специјалната јавна обвинителка Катица Јанева кога кажа дека сум бил кај неа на состанок. На тој состанок имаше уште еден господин. Кога прашав зошто е замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ, таа ми одговори: Поддржете го продолжувањето на СЈО, ќе ви го одмрзнам имотот. Тоа е право и правдина, со уцена, праша Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не е вклучена во изработката на Предлог-законот за СЈО и не може да коментира за продолжувањето на мандатот на ова обвинителство, но уште еднаш повтори дека обвинителство во овој состав и на чело со оваа специјална јавна обвинителка нема да поддржи.

Коментирај