ИМА РАЗЛИКА: Мицкоски „во кал до колена“ со работниците во РЕК, Заев закрои лозје на црвен тепих

0
2095

Премиерот Зоран Заев, денешниот ден го помина во Тиквешијата, каде што заедно со своите најблиски соработници претстојуваше по повод верскиот празник „Св. Трифун“.

Меѓу другото, тој влезе во нивите да закрои лозово гранче. Но, еден интересен детал не остана незабележан од јавноста, а тоа е црвениот килим послан преку дрвените палети, кои беа наредени една до друга, за да не се извалкаат гостите од калта.

Ваквата постапка на Заев наиде на реакции дури и кај најголемите поддржувачи на СДСМ, кои го запрашаа: „Премиере, па ти нели со земјоделец“?

И додека Заев на црвен тепих се шета низ Тиквешијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски „во кал до колена“ ги слушна проблемите на работниците од РЕК Битола.

Извор: Курир.мк

Коментирај