Има голема плата и никој не го сака – Играчот на Јунајтед не знае каде ќе игра следната сезона!

0
67

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Алексис Санчез не може да најде нов клуб во летниот преоден рок.

Според „Дејли мејл“ високата плата е причината поради која нема заинтересирани екипи за услугите на Чилеанецот.

Платата на Санчез е 300.000 фунти неделно. Тој добива уште 100 илјади за користење на неговиот имиџ.

Ќе добие и бонус од пет милиони фунти ако излезе 30 пати во почетниот состав на сите натпреварувања. Толку ќе добие и неговиот агент Фернандо Фелисевич.

Покрај тоа, Санчез се потпира на разни бонуси, што ја зголемува неговата плата на 560 илјади фунти неделно.

Коментирај