Им го расипаа празничниот викенд на македонските туристи – два земјотреса го стресоа овој грчки остров!

0
697

Два земјотреси со јачина од 4,4 и 4,2 степени го погодија денеска грчкиот остров Закинтос, што ги вознемири туристите и локалното население.

Епицентарот на првиот земјотрес бил во морето јужно од островот, на длабочина од 20 километри, додека епицентарот на вториот бил исто во морето западно од островот, на длабочина од 9,2 километри, пренесе новинската агенција „АНА“.

Грчкиот сајт „Катимерини“ потсети дека островот во октомври минатата година го стресе земјотрес со јачина од 6,4 степени што причини голема материјална штета.

Коментирај