Илиоски: СДСМ нуди измени на законското решение за УЈП кое е на директна штета на граѓаните

0
299

Како и за многу други закони поврзани со економијата пробувате нешто да направите, да воведете нешто ново. Со овој закон пробувате да подобрите некоја работа, меѓутоа очигледно не добро осмислена и не добро спроведена. Намерата и идејата ви е легитимна. Да им овозможиме на граѓаните полесно д ги пополната даночните пријави, да речам да им ги намалиме нервозите коа ќе заврши фискалната година. Меѓутоа начинот на кој што го правите тоа не е во ред, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиевски, на денешната собраниска комисија.

Според Илиоски со вакво избрзано законско решение од страна на СДСМ се задира во приватноста на граѓаните,а исто така се задира и во банкарска тајна. Тој праша кој гарантира дека податоците кои ќе бидат прибрани од банките во управата за јавните приходи нема да бидат злоупотребени.
-Треба да понудите суштинско решение. Решение со кое што граѓаните ќе бидат сигурно дека тоа што ќе се спроведува нема да биде на нивна штета. На овој начин им даваме можност на вработени во УЈП да располагаат со осетливи податоци за секој граѓанин. Им даваме можност на вработени во банките да можат да ги достават тие податоци до УЈП, а кој гарантира дека освен до УЈП тие податоци нема да бидат доставени до други институции и други лица, порача Илиоски.

Коментирај