Илиоски до СДСМ: Ништо не работите – На готови пари, на адаптирани котли во РЕК Битола две години го стопирате проектот за топлификација

0
191

На денешната собраниска седница обраќање имаше пратеникот од редовите на ВМРO-ДПМНЕ, Зоран Илиоски. Тој кажа дека власта на готов проект на адаптирани котли во РЕК Битола две години и кусур со стопира проектот за топлификација.

Тој истакна дека доколку се реализирал овој проект граѓаните на Битола ќе можеле да ги искористат поволностите и тоа поевтини сметки за топлинска енергија и зачувување на животната средина.

Илиоски кажа дека Власта на големо се фалела дека кога ќе дојде на власт ќе го реши проблемот со загадувањето но дека ништо од тоа не се случува. Исто така Илиоски додаден дека со нереализирањето на овој проекти власта прави директен грев врз граѓаните на Битола, Новаци и Могила.

Коментирај