Илиоски до СДСМ: Јаки сте на уста, но слаби на реализација

0
137

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски на денешната седница на Комисија за буџет и финансирање посочи дека власта иако ветуваше мерки за чиста средина, и намалување на загаденоста на воздухот, ништо од тоа не реализира.

Осум милиони денари за поставување на мерна станица, точно дека РЕК не е буџетски корисник меѓутоа ние не бараме да се постави станицата во РЕК. Бараме да се постави во околината на РЕК. Зошто? Заради тоа што баш вие во предизборието полни ви беа устите дека РЕК загадува, дека Битола е уништен итн. Барем дајте да мериме, истакна Илиоски. Илиоски додаде дека граѓаните имаат право да знаат колкаво е загадувањето во околината на РЕК. Макар што се сомнева дека иако парламентарното мнозинство гласа „ЗА“, иако се набави мерната станица дека ќе функционира.

Затоа што и постоечките мерни станици што се во Битола, во центарот и во периферијата на Битола не функционираат подолг период. Како сакате да се бориме со загадувањето ако немаме мерка за да знаеме колкаво е загадувањето и да примениме адекватни мерки за намалување на загадувањето, запраша Илиоски. Илиоски рече дека ова е уште еден доказ дека во власта се лицемерни и не водат грижа за здравјето на граѓаните и животната средина. Власта е единствено јака на муабет, јака на вилица но слаби на реализација.

Извор: курир.мк

Коментирај