Илина Арсова за Охрид: За жал УНЕСКО е веќе мит!

0
195

Познатата македонска алпинистка и прва Македонка што ја искачи највисоката точка на земјата – Монт Еверест, Илина Арсова се огласи на својот Фејсбук профил по предупредувањето од УНЕСКО и опасноста Охрид, зашитениот град на светската организација, да се најде на црната листа.

Таа уште во 2016 година во име на граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ предупреди дека во охридската населба Лагадин ќе се гради хотел во заштитениот зелен појас и покрај приговорот што тогаш го потпишаа 99 отсто од локалните жители.

Таа разочарана од состојбите во Охрид упати јавен апел до Општината и до Министерството за животна средина и просторно планирање:

„За првпат во Охрид се слуша жабокречина, чувство како да си на Дојранско. Немам ништо против жабите, ниту пак против алгите, но тоа е знак за еутрофикација на езерото. Причината се зголемените фосфати и нитрати во водата, односно ѓубрива и фекалии кои во потегот кај Лагадин најчесто доаѓаат од домаќинства, несоодветно регулирани кафичи и ресторани долж крајбрежјето. Одговорноста е наша, нема бегање. Дали ќе се запре ова дивеење под итно, или Охридско набрзо ќе се претвори во базен од измет, на чие крајбрежје богатите упорно ќе сакаат да се богатат, а туристите ќе си заминуваат со болести и вируси без желба за повторно да се вратат! За жал УНЕСКО е веќе мит!“

Коментирај