Илиевски: Пред избори полна ќе им е устата со Македонија – Светото име еднаш го продадоа за власт, а сега го продаваат ко лажен патриотизам

0
514

Пред избори полна ќе им е устата со Македонија, Република Македонија, реагира Богдан Илиевски на постот на Стево Пендаровски, во кој претседателот објави дека во библиотеката на Парискиот мировен форум подарил копија од книгата „Македонија е сè што имаме“ од првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров.

„Светото име кое еднаш го продадоа за власт, а сега го продаваат ко лажен патриотизам по социјални мрежи. Допиша ли „с****на” со фломастер претседателов на книгата на Киро, како што допиша на државата од АСНОМ?“, прашува Илиевски.

Инаку, во својата книга „Македонија е сè што имаме“ – мемоарски записи напишана 2000 година, а објавена 2001 година – поранешниот претседател Глигоров за прв пат направи осврт на случајот за обид на негов поткуп од Грција за промена на името Македонија во Славомакедонија во вредност од милион долари.

Kiro-Gligorov-Makedonija-e-se-sto-imame

Коментирај