ИК и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со заклучок: Договорот е штетен, Мицкоски повика на протестен марш во недела во Битола

0
419

Во  текот на денешниот ден имав континуирани состаноци со пратеничката група, денеска заседаваше и Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, со единствена точка на дневен ред,  а тоа е капитулантскиот договор кој што нашата влада има намера да го потпише со нашиот јужен сосед, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој информираше дека едногласно заклучиле дека станува збор за решение кое што комплетно е спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија.

-Едногласно заклучивме и дека станува збор за решение кое што самото по себе е капитулантско и пратеничката група но и Извршниот Комитет  беа едногласни и ги повторија веќе познатите позиции кои што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше во минатото, а тоа е дека нема да поддржи промена на Уставот, а со цел промена на уставното име. Зошто велам дека договорот е таков каков што е ќе Ви дадам три примери, а во деновите кои што следат ќе имаме уште многу брифинзи на оваа тема. Имено, не постои досега меѓународен договор кој што се ратификувал од едната страна, а не се ратификувал истовремено од другата страна. Самото тоа го носи вториот заклучок кој е дека ние ќе преземеме  обврски под услов да ги реализираме, а каква обврска презема Грција и која е мерката што доколку Грција не ја реализира сопствената обврска. Третата која што денеска пред јавноста во  Република Македонија, дилема ќе ја отворам е како тоа владата превзема обврска да изгласа договор во Собранието на Република Македонија со просто мнозинство, а се обврзува да направи системски измени т.е. измени во Уставот кои што се со двотретинско мнозинство?, праша Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека самиот по себе договор или спогодба како што е наречена е против Уставот.

-Така што ја користам оваа прилика сите граѓани на Република Македонија да ги информирам дека неделниот  роденден кој што ВМРО-ДПМНЕ планираше да го одржи во Битола, ќе се одржи но ќе ја смени својата тема. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите граѓани во Република Македонија кои што имаат идентичен став како ВМРО-ДПМНЕ кои што сакаат да застанат на патот на овие погрешни политики кои што владата на СДСМ ги прави во Република Македонија, кои што сакаат да застанат на патот на ова капитулантско дело да се спроведе во пракса, а истовремено да ги осудат сите погрешни политики на СДСМ да ни се придружат на протесниот марш кој што ќе го одржиме во Битола во недела со почеток во 13 часот, изјави Мицкоски.

Извор: kurir.mk

Коментирај