Игуаин го однесе Јувентус во финалето на италијанскиот куп

0
579

Гонзало Игуаин ги постигна двата гола за Јувентус синоќа во реваншот од полуфиналето на Италијанскиот фудбалски куп против својот поранешен клуб Наполи и беше најзаслужниот за пласманот во финалето.

Натпреварот заврши со победа на „наполитанците“ од 3:2, но тоа не беше доволно да се анулира предноста на шампионот од Торино кој на првиот дуел славеше со 3:1.

Игуаин погоди во 32. и 58.минута, а стрелци на головите за домашниот тим беа марек Хамшик (53), Дрис Мертенс (61) и Лоренцо Инсиње (67).

Противник на Јувентус во финалето ќе биде Лацио кој во вторникот во полуфиналето го елиминира градскиот ривал Рома.

Коментирај