Играчите порачаа: Ќе играме до крај со срце за Вардар!

0
208

Ракометарите на Вардар денеска ја дознаа веста која никој не ја посакуваше не само во клубот туку и во македонскиот ракомет воопшто. Сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко одлучи да се повлече, а денеска со соопштение тоа го потврди и пред јавноста.

Оваа вест за ракометарите и стручниот штаб дојде во многу лошо време. Во моменти кога се подготвуваат за четврт-финалните пресметки со тимот на Пик Сегед им пристигна веста дека остануваат бев првиот човек во клубот што значи дека работите одат во лош правец. Тие денеска го откажаа тренингот, а се очекува утре да го одиграат натпреварот против тимот на Прилеп во Купот на Македонија.

Играчите веќе порачаа дека ќе ги одработат своите задачи до крајот на сезоната. Се очекува тие да ги одиграат сите средби кои им останаа во Лигата на шампионите, Купот на Македонија и во првенствотото.

„Ќе играме до крај со срце за Вардар!“, порачаа ракометарите.

Тоа значи дека ќе се обидат уште еднаш да дојдат до пласман на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, но и да стигнат до двојната круна. Воедно заминувањето на Самсоненко значи дека и ракометарите имаат слободно да си побараат нови тимови за следната сезона, а јасно е дека дел од нив веќе имаат клубови во кои ќе ја продолжат својата кариера.Во две години по ред Самсоненко се повлекува од работата од двете екипи. Практично и во машкиот и во женскиот тим беше по шест години. Во 2012 година го презеде водењето на женскиот клуб кој го напушти минатата година во јануари, а потоа во 2013 година дојде до договор за спонзорирање и на машкиот тим со кој исто така шест години беше во самиот врв на европскиот ракомет.

Извор: skopjeinfo.mk

Коментирај