Игор Јанев: Не постои „компромисен“ или „зајакнат“ идентитет, ние Македонците сакаме свој идентитет

0
192

Македонците не сакаат никаков „зајакнат” или било на кој начин модифициран идентитет, туку сакаат СВОЈ идентитет, без разлика дали е ваков или никаков! Важно, ние Македонците сакаме СВОЈ идентитет, а не вештачки или туѓ или наметнат!

Националниот идентитет не може да биде ВЕШТАЧКА ТВОРБА или креација на социјалниот инженеринг, туку тој идентитет потекнува од самиот народ.

Не постои „компромисен” или „зајакнат” идентитет, туку само изворен идентитет како резултат на суверената воља на народот! Таков национален идентитет не е „ЛИЧНО ЧУВСТВО” (како што вели Заев), туку ПРАВНА КАТЕГОРИЈА!!!

Во САД Националниот идентитет претставува синоним за ДРЖАВЕН-ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ, односно правниот идентитет на државата како домашен и меѓународно-правен субјект!

Државниот идентитет, кој потекнува од СУВЕРЕНАТА ВОЉА е елемент од сет правни карактеристики со кои се дефинира ПРАВНОТО ЛИЦЕ и ваков идентитет, како правен елемент е израз на СУВЕРЕНАТА ВОЉА на народот и независноста на државата, а не е предмет на договорното или диспозитивно уредување, бидејќи спаѓа во доменот на ius cogens (повисоките норми од императивен инхерентен карактер).

На овој начин, Заев пристапува РЕДУКЦИОНИСТИЧКИ кога вели дека  идентитетот е „лично чувство”.

И поробени народи, како Македонците имале „лично чувство” дека се пр. Македонци, но дури кога створиле својата независна држава, колективното чувство на идентитетот се здоби со потребни правни својства, за да можеме да зборуваме за СУВЕРЕН идентитет, а не идентитет „за по дома” или идентитетот на потчинетиот, кој не е слободен.

Основното својство на идентитетот е тој СЛОБОДНО да се изрази, а не да биде предмет на компромис или правен договор, со кој се ограничува оваа суверена слобода.

Проф. д-р Игор Јанев

Коментирај