Игор Дурловски се враќа на сцената на МОБ

0
907

Игор Дурловски еден од најпознатите македонски оперски пејачи се враќа на сцената на МОБ. На 19 Мај во рамките на годинешните Мајски оперски вечери, ќе настапи во улогата на Тимур во претставата “Турандот”. Тој оваа информација ја сподели со своите фанови на социјалните мрежи.

Тој помина два месеци во притворското одделение во Шутка и уште два месеци во куќен притвор, кој му беше укинат на 26. Март оваа година.

Игор Дурловски и неговата сопруга Ана Дурловски, долги години работea во Германија, а во 2015 година одлучија да се вратат во Македонија и тука да ја продолжат кариерата. Игор Дурловски извесен период беше и директор на МОБ.

Коментирај