„Идеологот“ Ѓулистана заборави кој ја ранеше: Бедни и јадни луѓе протестираат против Северна Македонија

0
234

Луѓето што протестираат се шака од бедни и јадни луѓе кои протестираат за да се прехранат и ги собираат од дома! Oва во синоќешното интервју за „Топ тема“ го изјави поранешната пратеничка Ѓулистана Маркоска.

Не штедејќи на зборови и навреди, Маркоска се дрзна да ги навредува граѓаните кои се против Преспанскиот договор и протестираат против преименувањето на Република Македонија.

За оние кои не се сеќаваат на поранешната пратеничка, Ѓулистана Марковска во првиот пратенички состав беше дел од Сојузот на реформски сили, па потоа да премине во ВМРО-ДПМНЕ. Во последниот период Маркоска се претставува како идеолог во т.н реформаторска група во ВМРО-ДПМНЕ, а деновиве е актуелна со силна поддршка на Преспанскиот договор.

Коментирај