Ида Протуѓер до Заев: Законот за амнестија е политички инструмент за да се спроведе Договорот од Преспа

0
501

Селективната амнестија за 27-ми април и натаму ја бранува македонската јавност. Имено во вчерашното гостување на Зоран Заев во Отвореното студио на телевизија 24, невешто се обидуваше да ја избегне и да не ја коментира оваа тема.

Сепак новинарката која важи за блиска до СДСМ, Ида Протуѓер на крајот самата го даде одговорот за причината за селективна амнестија и притоа жестоко го искритикува Заев.

Според Протуѓер, Законот за амнестија е политички инструмент чија единствена цел е да се спроведе Договорот од Преспа, а Заев самиот одредувал кому треба да му се прости, односно кој треба да се амнестира, а кој не.

-Значи судот е тој што ги цени доказите во некоја постапка, сега веќе нема можност, бидејќи самата обвинителка Вилма Рускоска кажа, изјави во јавноста дека таа мора да го почитува законот. Значи ние не дојдовме до моментот кога ќе се ценат доказите кој бил виновен и кому треба да се прости, тоа вие произволно си одредивте кому треба да се прости. Јас затоа велам дека простувањето не е ваше ексклузивно право кому ќе простите, кому не, кој ќе биде амнестиран кој не. Меѓутоа јас се согласувам дека е политички инструмент законот за амнестија за да се дојде до Договорот од Преспа,рече таа.

Извор:lider.mk

Коментирај