Ибра ги налути навивачите на Малме

0
555

Потегот на Златан Ибрахимовиќ финансиски да инвестира во фудбалскиот клуб Хамарби беше причина за голем гнев кај навивачите на Малме, клубот каде што Златан ги направи првите чекори.

Ибрахимовиќ купи 25% од акциите на Хамарби и веројатно ниту самиот не можеше да претпостави дека ќе предизвика толкав гнев кај навивачите кои го сметаа за нивна легенда.

Фановите на Малме прво ја оштетија статуата која беше неодамна поставена пред стадионот, а подоцна го нападнале и неговиот дом.

Пред куќата на Ибра во Стокхолм било напишано „Јуда“, додека на плочата каде што стои името на Златан било истурена солна киселина.

Извор: sportski.mk

Коментирај