Хумористични факти за мажите :)

0
234

Овие „вистини“ ќе ве зачудат, ќе ве изненадат и ќе ве насмеат. За некои од нив воопшто не сте ни претпоставувале дека се така 🙂 .

1. Мажите се исто како кафето
Сите жени претпочитаат жешки, силни мажи кои нема да ги оставаат да спијат и тоа по можност цела ноќ. Дивите и страстни мажи се омилените кај понежната половина и ако ги најдат не ги испуштаат.

2. Мажите се како времето
Жените скришно прават обиди да ги менуваат мажите, но исто како и времето, и нив не можеме да ги контролираме, какви и напори да вложуваме. Тие се тие!

3. Мажите се и како банкарска сметка
Најдобро е да имаат пари, бидејќи кога немаат, им се губи шармот, а и самите тие се чувствуваат слаби.

4. Мажите се како рекламите
Умеат да си направат одличен PR, но подобро е да се сомневате во сè што ви кажуваат и да не им верувате безусловно, за да не се разочарате.

5. Мажите се тешки за разбирање
Понекогаш личат на докторите или сметководителите. Без разлика дали зборуваат или молчат, постојат моменти во кои никој не може да ги разбере.

6. Мажите им се потребни на жените
Неспорен факт, иако секоја жена барем еднаш се запрашала зошто и е потребен маж кога сама се справува со сè, а него го бива најмногу да ги расфрла чорапите дома.

7. Мажите се како поштарите
Сакаат да се пробаат со секоја, без да се срамат и знаат дека се ќе има некоја да им отвори „врата“.

8. Мажите се како местата за паркирање
Најдобрите и најубавите секогаш се зафатени. Барањето трае долго а сите други не се толку удобни или имаат недостатоци.

9. Мажите личат на кучињата
Сакаат воспитување и дресирање за да бидат чесни, послушни и добри.

10. Мажите секогаш првично се доста забавни
После сè станува рутина и се специјализираат во тоа да ги кинат нервите на партнерката.

Коментирај