Хуманитарна изведба на „Ана Комнена“ за СОС Детско село

0
372

По повод Светскиот ден на театарот, Театар „Џинот“ Велес се вклучува во хуманитарната акција на театрите од Македонија, кои во текот на месец март ќе изведат по една претстава за децата од СОС Детско село…

Вечерва, петок, 31-ви март, на Големата сцена, со почеток во 20 часот, Театар „Џинот“ Велес ќе ја изведе претставата „Ана Комнена“ од Сашо Димоски, во режија на Ненад Витанов и Васил Зафирчев, а целиот приход од продадените влезници за претставата ќе биде донација, помош во хуманитарна работа и остварување на мисијата на СОС Детско село за обезбедување на топол дом и грижа за секое дете.

Билетите за претставата се веќе во продажба на билетарницата на театарот.

 

Извор: cooltura.mk

Коментирај