Хрватите жестоки кон Адеми: Лицемерно! Не заслужуваш да ни бидеш капитен!

0
467

Хрватските медиуми удрија по играчите на Динамо, а посебно го истакнуваат нашиот Арјан Адеми кој капитен на „модрите“.

Динамо побара од играчите да прифатат намалување на платите со цел да се избегне тешкиот удар кој го нанесе пандемијата со коронавирусот поради која е стопиран фудбалот. Во текстот „Вечерни“ отворено ги критикува фудбалерите и го посочува Адеми како главен виновник.

„Играчите покажаа дека не живеат во реален свет и дека не знаат како му е на обичниот хрватски работник кој се бори против коронавирусот со плата од 700 евра. Тие заработуваат од 200.000 до 700.000 евра годишно и не сакаат да се откажат од дел од примањата. Имаат правна основа, но не и морална“, стои во дел од текстот, а потоа посебно се критикува Адеми:

„Посебно морал нема капитенот Арјан Адеми бидејќи како капитен и шеф во соблекувалната морал да ги убеди соиграчите да го прифатат намалувањето на платите. Тој ист Адеми мораше да се потсети на моментите кога беше суспендиран поради допинг четири години (подоцна казната му се намали на две), а клупската управа кажа: Арјан е наш капитен и ќе ја добива платата според договорот во текот на тие четири години. Сега тој ист Адеми вака им враќа и покажува дека парите му се поважни од клубот. Лицемерно, капитене! И затоа капитенската летна треба веднаш да ти се одземе, не заслужуваш да ја носиш“, критикуваат Хрватите.

Извор: Таратур.ком

Коментирај