Хрватите сами себе си пукаат во нога со реафирмација на Усташите

0
581

Ако во 1915 година, пред формирањето на кралството Југославија, Србија се согласила да ги преземе Славонија, Босна и Херцеговина, Лика и дел од Далмација, како што им беше понудено, таканаречените Големи Хрвати од Загреб и Загорје денес би биле дел од унгарските провинции, додека останатото католичко население од Далмација, Славонија, Лика и БиХ би биле тоа што всушност тие се – Срби католици – изјави на 2 јули 2017 година за националната ХТВ водечкиот хрватски историчар од младата генерација, доктор Твртко Јаковина.

Односите помеѓу Хрватска и Србија се најлоши во последните 100 години, дури полоши и од времето на војните. И тогаш Белград и Загреб коминицираа и имаа некакви релации, за разлика од сега. Ова е констатација на професорот по историја на Филозофскиот факултет во Загреб, Твртко Јаковина. Тој додава дека е жално што политичарите од двете страни повеќе имаат причини да комуницираат во врска со проблеми и несогласување, отколку за некакви позитивни планови кои помеѓу двете држави – ги нема.

Хрватскиот историчар во интервју за “Вечерње новости” смета дека Србија и Хрватска се надвор од времето и современите европски случувања, решаваат проблеми стари со децении и не наоѓаат решенија стоејки во место, или дури враќајќи се назад при што се отвараат теми кои веќе биле затворени како карактерот на фашистичкиот концетрационен логор во Јасеновац за кој преотворен проблем Хрватска нема решение, туку остава проблемот да се разгорува и шири со тоа што иницијативите за и околу Јасеновац ги водат крајно радикални десничарски групи, следбеници на Усташите, а не легалните државни органи и експертите за таа област..

Изнесени се и сериозни забелешки против заеднички предлог на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, и претседателот на хрватскиот Хелсиншки комитет Иван Звонимир Чичак да се формира меѓународна комисија за Јасеновац, што е преседан во третманот на нацистичките концетрациони логори во Европа.

– “Никаде не постои таква комисија за утврдување на минатото. Јас би рекол дека предлогот на Грабар Китаровиќ и Иван Звонимир Чичак е толку сериозен што предизвика бурни реакции. Најавата на вакви процеси не е во согалсност со науката за историјата”, смета хрватскиот историчар Јаковина.

independent_state_of_croatia

Влегуваме во трговија, во слободни проценики, дали во Јасеновац имало 700.000 или 84.000 жртви. Тоа не е работа за надмудрување или трговија, вели историчарот Јаковина, – ” Не гледам што и како би се расправало и разгледувало на такви комисии за Јасеновац. Едните ќе тврдат дека имало 700.000 другите дека биле 84.000 убиени, за на крај по трговска логика да се “најдат“ на некои 200.000. Тоа не е научна метода ниту принцип, тоа е бесмислено и за нуката навредливо”, вели хрватскиот историчар Јаковина. Тој заклучува дека ова е само купување време за потребите на хрватската претседателка Китаровиќ, да не се донесе никаква одлука во нејзиниот мандат, за да се заштити себеси од можни последици од таквите ненаучни одлучувања.

Хрватска сама себе си пука во нога со реафирмација на Усташтвото, смета Јаковина. “Сега таа се најде во ситуација која е резултат на активностите и потребите на хрватската крајно десничарска политичка елита. Реафирмацијата на нацистичкото усташтво нема да биде примена од Европа, тоа е веќе критикувано кога се појави како облик на радикално десничарско дејствување во Словенија, Австрија и Србија”.

За хрватскиот историчар Јаковина Хрватска влегува во проблеми по свој избор, и со своја вина затоа што актуелната политичка елита на власт неможе да одржи стабилност во општетството, и нема начин и сила да се спротистави на неонацистите со усташтвото.

Вечер

Коментирај