Христијанска етика: За соединувањето на Православната и Римокатоличката Црква што го подготвува Ватикан

0
640

Пројава на пријателско расположение во некои кругови во Православната Црква кон римскиот папа би предизвикало мала загриженост кај поголем број на нерамнодушни православни луѓе, доколку би биле забележани некакви промени во политиката на Ватикан.

Меѓутоа, Унијата сè повеќе се надвива, првенството и непогрешливоста на папата се декларираат при секој повод, а ватиканската дипломатија прави сè што е можно за да го помогне обединувањето со православните врз основа на одлуките на Флорентинскиот и Вториот ватикански концил кои ги повикуваат православните браќа “расколници” – да се вратат под крилото на “вистинската” папска Црква.

Папизмот, којшто ги зема предвид не само одлуките на Седумтте Вселенски Собори туку, пред сè, е поврзан со одлуките на четиринаестте сопствени “вселенски” собори, не може да бара друг пат за соединување со православните, освен нивното “враќање”. Така, во одлуките на Вториот ватикански концил, без оглед на некои незначителни чекори на Ватикан кон православните, догматите за првенството на папата и неговата непогрешливост, не се ограничуваат и стишуваат, туку напротив, им се придава и поголема важност во однос на одлуките на Првиот ватикански концил.

„Вториот ватикански концил не престана да му придава голем авторитет на местото на папатa, при што оди до тој степен, што некои негови восхитени почитувачи на Соборот почна да сметаат, дека Главата на Црквата не е повеќе Христос, туку Петар, а низ него и папата”.[1] Што се однесува до промената на погледот на римокатоличката црква, треба да се има предвид дека се зборува за промена на надворешната политика и општествениот вид на римската црква, а не за внатрешна реформа на нејзиното вероучење ”.[2]

Самите римски папи одвреме-навреме ја потврдуваат бескомпромисната решителност на папизмот да ги одбрани своите догмати. Така, папата Павле VI во своето прво послание по изборот „Ecclesi amsuam” (од 6-ти август 1965 г.) изјави: „Грешат оние, што мислат дека ние си ги отфрламе привилегиите, кои ни ги даде апостол Петар”.[3] И папата Јован Павле II во посланието „Lumen orientalis” (од 25-ти март 1995 г.) го потврдува истото: „секоја дискусија за можноста на обединувањето на Црквите го претпоставува беспоговорното признавање на првенството на папата, кое што е востановено од страната на Бог “како вечен” видлив принцип и основа на единството”.[4] Затоа, тешко е да се создаваат илузии за можноста за достигање на договор помеѓу римокатоличката и Православната Црква врз основа на нејзиното модерно функционирање, туку само врз основа на Апостолската Вера, онаа вера, која до денес ја има сочувано Православната Црква.

Секој кој што внимателно ќе ги проучи стадиумите низ кои поминаа односите на православните и римокатолиците, приметува дека Ватикан има план, којшто постепено ќе се остварува, додека не се случи “обединувањето”. За планот на Ватикан да го оствари обединувањето на православните и римокатолиците професорот Јован Кармирис пишуваше: „Папата Павлe VI и нему блиските католички теолози, изработија одлично осмислен, широк програм на римоцентричен екуменизам, близок на латинската еклисиологија”. [5]

Митрополитот перистерионски Хризостом објаснува за каква врста на соединување станува збор: „Браќата католици директно или индиректно ни оставаат да сфатиме дека Православната Црква може да се обедини со римокатоличката со посредство на консолидација, а слично и со паралелни процеси кои постојат помеѓу неа и унијатите”.[6] Познатиот грчки теолог о. Јован Романидис зборуваше за својот доверлив разговор со католичкиот бискуп, кој му говорел за планот на Ватикан, во согласност со кој обединувањето на Црквите нема да дојде од врвот (т.е. не преку епископите, теолозите и нивниот дијалог) туку од долу – со посредство на таканаречениот народен екуменизам.
За остварување на римоцентричниот план веќе се преземени следниве чекори:

1. Симнување на анетемите од 1054 г., но не и отфрлање на спорните догматски позиции.

2. Размена на посети на црковната ерархија и дарови во вид на свети мошти и икони коишто ги донесувал Ватикан. На тој начин, се создава впечаток, дека Ватикан е пријателски расположен кон Православието.

3. Започнување на богословски дијалог. Неговата цел е взаемно признавање на Тајните, свештенството и апостолското преемство, и како конечно, признавање на Црквите како “сестри”.

4. Без оглед на прекинот на меѓуцрковниот дијалог во врска со унијатството (Балтимор, 2000 г.) тој беше обновен без решавање на проблемот со Унијата. (Дури, унијатите учествуваа во дијалогот со православните како полноправни членови на преговарачкиот процес). Очигледно е дека иако унијата како метод на обединување, на зборови се осудува, во реалноста таа се користи од католиците како единствен пат кон единството (во согласност со одлуките на Вториот ватикански концил).
Сегашниот папа, Бенедикт XVI во посланицата до унијатскиот архиепископ на Украина Љубомир Хузар, ја поздравува борбата на унијатите да го сочуваат својот идентитет и независност: „Во грко-католичката црква, којашто се наоѓа во полна заедница со апостолскиот наследник Петар постои двојна задача, којашто се состои во зачувувањето на источната традиција во рамките на католичката црква и во помагањето на зближувањето на двете традиции, сведочејќи дека тие не само што се блиски, туку претставуваат и длабоко единство во својата различност”.[7] Во Ефес, истиот папа повторно истапи во поддршка на Унијата, „којашто според неговото мислење е најдобар пат кон единството на Црквите”.[8]
Фактот дека папизмот ги основа унијатските “цркви” на канонските територии на сите древни Источни Цркви, сведочи за сочуваниот курс кон Унијата, како средство и стандард за “обединување” и враќање на Православните и другите вери на Истокот во составот на Рим.

5. Изработка, демонстрација и поддршка на нови теории во согласност со кои догматите за Filioque, првенството на папата и неговата непогрешливост од страна на римокатолиците се толкуваат на таков начин, да станат “прифатливи” за православните“[9]. Пред околу 40 години учествував на собир на православните теолози на Атина. На тој собир беше повикан и познатиот клирик на римокатоличката црква, Пјер Дибре. Тогаш тој ни рече: „Ние го формулираме догматот за првенството на папата, на тој начин, за вие да го прифатите”. Забележав дека важност има не формулацијата туку суштината. Ние никогаш нема да ја прифатиме догмата за првенството во онаа смисла во којашто ја подразбира римскиот папа.

6. Одржување на православно-католички конференции, кои демек, ја промовираат православната духовност и кои всадуваат идеи за стремеж кон единството, без оглед на сите догматски разлики.

Досега, најголем дел од православните теолози тргнуваат од фактот дека помеѓу Православната и римокатоличката црква постојат одредени догматски противречности без чие решавање не може да дојде до никакво обединување. Сега и некои православни почнаа да зборуваат за тоа дека имаме една вера, едно предание и дека постојат одредени предуслови под коишто би можеле да го признаеме папското првенство. Тука би сакале, пред сè, да нагласиме дека: Православната Црква никогаш не признавала дека после расколот, кај православните и римокатолиците останала една вера и едно предание. За тоа сведочат големите ерарси и богоносни Отци како свети Григориј Палама, свети Марко Ефески, свети Мелетиј Пигас, преподобен Никодим Светогорец, свети Нектариј Егински, Доситеј Ерусалимски и многумина други. За тоа сведочат и одлуки на православните патријарси од 1848, 1868 и 1895 г. Но, и простиот православен народ, без оглед на неволјите од турското ропство и систематската латинска пропаганда, како и повремениот притисок од страна на Унијата, остана верен на догматите на својата Црква.

Очекуваното обединување, кое веќе неколку децении внимателно се подготвува од страна на Ватикан, нема да биде прифатено од мнозинството на православните, туку само ќе доведе до раскол, затоа што во основата на тоа обединување не се претпоставува решавањето на догматските разидувања, не католичкото отфрлање на еретичките догмати (Filioque, првенството на папата, создадената благодат итн.) туку нивното ново толкување.

Секако, нашата заедница, оптоварена со идеите за глобализација и “новиот светски поредок” ја нема, за жал, духовната осетливост на православните кои своевремено не ја прифаќаа Флорентинската Унија.
Но, и денес има доволно свесни православни христијани, коишто ќе му се спротивстават на секој обид за обединување, кое би се случило без основа на Вистината, чувана во Православието. Загриженоста, којашто кај мнозина православни се појавува поради случувањата во последните години, докажува дека православната свест е жива како и порано.
Така што, оние коишто денес се стремат кон обединување треба да се замислат: нема ли, наместо совладувањето на разликите, да добијат раскол на една православна паства.

1. Καρμίρη Ι. Ορθοδοξία και Ρωμαιοκαθολικισμός. Αθήναι, 1964. Τ. Ι. Σ. 25.
2. Καρμίρη Ι. Указ. соч. Τ. ΙΙ. Σ. 170.
3. Ενθ’ ανωτ. Σ. 171.
4. Παναγόπουλου Ι. Το Βατικανό και η Ένωση των Χριστιανικών Εκκλησιών. Εφημ. Καθημερινη. 30/7/1995.
5. Καρμίρη Ι. Указ. соч. Τ. ΙΙ. Σ. 170.
6. Χρυσοστόμου-Γεράσιμου (Ζαφείρη), μητροπολιτου Περιστερίου. Ορθοδοξία και Ρωμαιοκαθολικισμός. Ο αρξάμενος Θεολογικός Διάλογος. Γεγονότα και σκέψεις // Θεολογία. Τ. 53 (1982). Σ. 77.
7. Καθολική. Φ. 3046/ 18-4-2006.
8. Ορθόδοξος Τύπος. 8/12/2006.
9. См.: Γεωργίου (Καψάνη), αρχιμ. Καινοφανείς θεολογικές απόψεις εν όψει των διαλόγων // Παρακαταθίκη. Τ. 43/2005; Δημητρίου (Γρηγοριάτου), ιερομ. Η Ρωμαιοκαθολική Clarification (Διασάφησις) επαναβεβαιώνει το Filioque // Παρακαταθίκη. Τ. 52/2007.

Архимандрит Георгиј Капсанис
Извор: orthodoxnet.gr
Бигорски манастир

Коментирај