Христијан Мицкоски за Вечер: Висока политичка елита е вмешана во „Рекет“

0
232

Има уште десетици луѓе кои биле жртва на рекет од владини функционери, од луѓе кои управуваат со институциите во државата и целокупниот тој материјал што ни го доставуваат, ние ги мотивираме и охрабруваме да го достават во обвинителството, онаму каде што му е местото, оти ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија. Ние ќе чекаме обвинителството да постапува по тие материјали – вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за весникот Вечер, кое ќе излезе во утрешниот број.

Лидерот на најголемата опозициска партија во интервјуто зборува за предвремените избори и за можните коалиции, за Преспанскиот договор, за аферата Рекет, за пописот и за други актуелни теми. Во интервјуто кое во целост ќе се биде објавено во утре, Мицкоски одговара и за споредбите со политиките на поранешниот претседател на партијата Никола Груевски, како и за тоа што ќе се случува со партијата доколку не дојде на власт по изборите на 12 април.

На прашањето колку „Рекет“ влијаеше и ги уништи и најмалите шанси за добивање на датум за преговори, Мицкоски вели:

И покрај сите напади од нашето членство дека сме пасивни, во екот на најголемите криминални и корупциски афери му дадовме шанса на целиот процес, си велиме октомври ќе дојде, можеби датум за преговори ќе го врати оптимизмот кај граѓаните, но фактите се поразителни и ние не добивме датум. Тоа не е затоа што опозицијата не испорача, тоа е поради тоа што Владата не испорача, но секој оној што не ги гледаше знаците покрај патот, го изгуби патот. Не се на прав пат, како што велат, туку на многу погрешен пат. А знаците беа многу јасни – нула толеранција за корупцијата, нула толеранција за криминалот, доста е од политички уцени, злоупотреби на законите и на Уставот, но тоа некој не успеа да го види и не успеа да го испорача – тврди Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ, аферата „Рекет“ е најголемата корупциска афера и според сведочењата на луѓе кои биле околу таа група луѓе кои денеска се осомничени, се знае дека не се тие кои го напишале сценариото и го операционализирале.

Не може овие тројца луѓе – притвореничката Катица Јанева, Бојан Јовановски, и Зоран Милевски тоа да го направат без согласност на некој многу моќен политички човек. Имаме директно и индиректно учество на висока политичката елита во аферата „Рекет“, но верувајте не е само „Рекет 1“, има и „Рекет 2“ , „Рекет 3“. Не се знае колку продолженија ќе има оваа афера – нагласува Мицкоски.

(Целото интервју прочитајте го во утрешниот број на Вечер)

Извор: република.мк

Коментирај