Храна за зголемување на енергијата

0
780

Часовите околу и по ручекот често се критични во однос на заморот. Намалената енергија во овој дел на денот, сепак може да се должи и на храната што ја конзумираме. За да се спречи овој ефект препорачливо е во менито да ги вклучиме овие оброци.

1. Неколку парчиња црно чоколадо
Највкусниот начин да се зголеми енергијата. За нас е подобро да ги конзумираме овие видови чоколада, кои имаат највисока содржина на какао, бидејќи во нив има и најмногу антиоксиданти.

2. Ѓумбир
Ѓумбирот ги отвора синусите и ја подобрува циркулацијата, затоа мали количини од него можат да не „кренат на нозе“ во критичните моменти. Ѓумбирот исто така има и антиинфламаторни својства, што е исклучително корисно при стрес и ненаспаност.   Ѓумбирот може да се конзумира и во форма на чај.

3. Агруми
Тие имаат стимулирачки ефект врз организмот. Ако немаме време да се насладиме на свежо исцеден сок од портокал, можеме само да ставиме неколку капки лимон во чаша топла вода. Пијалокот има брз освежувачки ефект.

4. Јаболко со бадеми
Јаболкото обезбедува природен шеќер, кој организмот го користи за енергија, а во прилог добиваме и растителни влакна, со чија помош енергијата бавно се ослободува. Бадемите се идеален извор на протеини и магнезиум – минерал за зголемување на енергијата во клетките.

Коментирај