Храна за поголеми гради

0
1006

Многу девојки сакаат да имаат поголеми гради, но сепак ја немале таа среќа природата да ги „награди“ со тоа. Некои тоа го коригираат со ставање на силикони. Но сепак за зголемување на градите постои уште и еден метод – промена во менито.

Според експертите хормоналната нерамнотежа е една од главните причини за жените да имаат мали гради. Колку повеќе тестостерон произведува женскиот организам, толку помали се градите. За да се намали нивото на овој хормон, треба да се намали консумирањето на некои свежи овошја и зеленчци. На овој начин значително ќе се зголеми нивото на естрогенот.

Житариците, како кафеавиот ориз, овес и јачмен ја зголемуваат големината на градите.
Црешите, јагодите, боровинките и пилешкото месо содржат супстанции кои го стимулираат производството на естроген. Црвениот и белиот грав, наут, магдонос, грашок и леќа придонесуваат за зголемувањето на градите. Морковите, зелката, кромидот, цвеклото, тиквата, краставиците и карфиолот содржат многу корисни протеини. Препорачана е и консумацијата на зеленолистниот зеленчук и храната богата со протеини и минерали.
Експертите советуваат да се избегнуваат газираните пијалаци, кофеин, сол и штетна храна.

Коментирај