Храна која помага при опстипација (запек)

0
1931

Запекот најчесто е предизвикан од неправилна исхрана, односно недоволен внес на растителни влакна, недоволен внес на течности, недоволна физичка активност, одложување на потребата за празнење на цревата, но може да биде предизвикано и од некои медицински состојби. Ќе ви кажеме докажани природни методи за да се ослободите од овој проблем. Сами изберете која метода,  најдобро функционира  за вас:

Суви сливи : Натопете преку ноќ во вода 10 суви сливи. Наутро кога ќе станете, изедете ги на празен стомак и испијте  ја водата во која стоеле. Користете ги секојдневно, додека варењето се стабилизира. По потреба  и потоа.

Ленено семе: Семето на ленот се користи за заштита на слузокожата, а поради својството да омекнува, се употребува против запек и за чистење на цревата. Мелените семки од лен, од една страна ја омекнуваат содржината на цревата, а од друга страна ги „подмачкуваат“ цревата и го олеснуваат движењето на содржината низ нив. За превенција од опстипација (запек), се препорачува секојдневно консумирање една лажица мелено семе од лен, како додаток на основниот оброк.

Лимон: Секогаш можете да користите лимон за лечење на запек, кој истовремено го прочистува дигестивниот систем. Потребен ви е сок од половина лимон кој ќе го додадете во чаша топла вода. Додадете малку морска сол и малку мед. Пијте ја течноста рано наутро на празен стомак. За рок од 2-3 дена симптомите на запек ќе исчезнат.

Млеко: Шолја топло млеко може да придонесе за празнењето на цревата наутро. Ако ова не ви помага додадете две лажички рицинус.

Чај од ѓумбир или нане: Тие се природни лекови за проблеми со варењето на храната. Ѓумбирот го забрзува варењето, а ментолот од нането ги опушта муслуките на дигестивниот тракт. Топол чај може да го подобри варењето, а можете да пиете по 1
шолја наутро и навечер.

Коментирај