Храна која ги ублажува пролетните алергии

0
563

Алергиите се вообичаени во пролет, кога растенијата процветуваат. Симптомите кои ги мачат алергичните во овој дел од годината се кивавица, солзи во очите и гребење на грлото.

Што треба да јадете:

Јаболка
Лушпата на јаболкото содржи антиоксиданси кои го подобруваат капацитетот на белите дробови. Освен тоа, содржат и многу Ц витамин, кој ефективно штити од алергии.

Јаткасти плодови
Особено оревите кои се добар избор поради виската содржина на магнезиум и витамин Е. Магнезиумот ги ублажува нападите на астма, ги отвара бронхиите и ги опушта дишните мускули, а витаминот Е го зголемува имунитетот и го брани организмот од слободните радикали кои предизвикуваат воспаленија.

Лосос
Богат со омега 3, лососот значително помага во намалување на алергиските симптоми. Омега 3 масните киселини се корисни не само за намалување на алергиите, туку и за појако срце, подобро расположение и подобро помнење.

Црвено грозје
Лушпата на грозјето е богата со антиоксиданси и ресвератрол – состојка со против воспалително дејство.  Листовите исто така имаат својство да ги ублажуваат воспаленијата.

Домати
Тие содржат голема количина витамин Ц, го зголемуваат имунитетот и ги ублажуваат отоците. Го содржат антиоксидантот ликопен. Истражување на научниците од Универзитетот на Тел Авив покажува дека со примање на триесет милиграми од него на ден се зголемува со 45% заштитата на организмот против нападите на астма.
Модрите домати, краставиците и грашокот се исто така меѓу препорачаниот зеленчук.

Коментирај