Хороскопот знае се за вас: Овенот брзо избувнува, Водолијата мисли дека секогаш е во право…

0
517

Температурата расте, во вас се почнува да зоврива и се трансформирате во нескротлив ѕвер кога некој ќе ве изнервира. А можеби спаѓате во онаа друга група на луѓе кои во текот на караниците остануваат смирени. Дознајте кој каков е според хороскопските знаци.

Овен

Кога е лут, подобро да му се тргнете од патот, но како што брзо избувнува, така брзо и се смирува. Се лутат и за ситници, се навредуваат како којзнае што да сте му сториле, ја иритира околината со неговата упорност што значи дека мора да ја истера правдата до крај. Импулсивниот овен е склон и на тоа и да опсуе, најмногу поради некоја политичка полемика или спортски резултати на неговите омилени клубови, а кога ќе се смири ги чести сите во кафеаната.

Бик

Упорен, своеглав и суетен, бикот не поднесува да му се мешате во интегритетот на неговата личност и неговите блиски, пред се. Умее долго да трпи, да голта во себе, има навистина долг фитил. Но кога ќе му догори, спасувајте се како знаете, бидејќи од него ќе доживеете вулканска ерупција, па ако никогаш не сте го виделе таков, нема да им верувате на своите очи, а ни уши.

Близнаци

Тие внимаваат со кого и поради што ќе се „закачат“, бидејќи знаат да бидат „гадни“ на јазик, а кога ќе дојде до тоа ќе оценат дали треба да го надмудри противникот или да попуштат. Како дошло, така прошло, е мотото на близнаците од двата пола, а исто е и кога ќе се налутата, бесот не ги држи долго, бидејќи се рационални, па не прават проблеми таму каде би можеле да имаат корист. Кога страстите ќе се мират, вродената ноншалантност и смисла за дипломатија, им помага да ги смират недоразбирањата. И повторно си тераат по свое.

Рак

Тој молчи, собира гнев, го одложува времето кога од него ќе избие она што го потиштува или нервира, па ако е млад оди во теретана или кафеана. На егоцентричниот и ранет рак најмногу му е важно за неговата лична сигурност и позиција во друштвото. Но, ако тоа му е загрозено, прво смислува како да се одмазди и не реагира веднаш. Ќе се инаети, но нема да се откаже од тоа оној кој го навредил да му го „набие на нос“, поради сето патење. Кога тогаш.

Лав 

Често претерува и е импулсивен. Огнениот лав, е крајно спонтан и кога ја истерува правдата и кога полемизира. Ако го налутите, реагира веднаш, на лице место, нема што да се чека, ве побива со аргументи, зата што обично е во право.

Ако не е, подготвен е да попушти кога увидува дека згрешил. Тие се правдољубиви и племенити, па на женските припадници им се важни хароничните односи, па тешко поднесуват расправии, но бидејќи се родени команданти и стратези, најчесто успеваат да направат се да биде по нивно.

Девица

Бидејќи е воспитана да се воздржува и да има убави манири, таа е чувствителна и лесно се навредува. Девицата е често незадоволна, но премногу културна за тоа отворено да го покаже. Затоа низ годините може да стане склона кон депресија која ја лечи во кафеани, со друштвото или без него сеедно. Обично градат свој одбранбен механизам со кој се бранат, а кога ќе се налути, пати во себе.

Вага

Вагата е правдољубива и ја погодуваат ситници, на пример, ако попреку сте ја погледнале, а таа била љубезна со вас. Таа има краток фитил, лесно се навредува, станува како дете, а потоа и е криво, па почнува да се гали или да цивка, за да ја поправи ситуацијата, особено ако е помлада. Во зрелите години кај вагата преовладува дипломатската црта од нејзиниот карактер, па избегнува бил какви расправи и подготвена е на компромиси, под нејзини услови (земи или остави), кои многу вешто ќе ви ги наметне.

Шкорпија

Манипулативни и арогантни, шкорпиите повеќе покажуваат дека се темпераментни, отколку што караница може да ги исфрли од такт. Ретко покажуваат чувства и со сите е љубезна, интуитивната шкорпија бурно реагира на неправда. Особено е чувствителна, ако некој ги повреди нејзините најблиски, како и на семејните проблеми на соработниците, бидејќи знае да осети што ги мачи оние кои ги штити. Тешко е да ја излажете, иако секогаш се обидува да ја контролира секоја ситуација, па и својот бес. Оној со кого се замерила, го држи близу до себе, за полесно да му го зададе завршниот удар.

Стрелец

Иако знае дека делува површно, поради својата хедонистичка природа, обично го кажуваат она што го мислат, дури и без да го прашате. И така добиваат непријатели. Кога еднаш ќе се изјаснат за некој, ништо повеќе не е важно, бидејќи стрелецот веќе ја донел одлуката од која нема да отстапи. Нема да се расправа, ниту ќе реагира експлозивно, мирно и аргументирано, дури со одредена доза на одмаздољубивост, соопштувајќи му на противникот во лице сето она што го налутило.

Јарец

Подготвен е на многу отстапки, има коректни односи со околината, иако сака се да биде по негово. При тоа, вешто ги крие своите слабости за другите да не го употребат тоа против нив. Праведен и принципиелен, многу ја цени верноста, па оној кој ќе го изневери во било која смисла, знае да биде непријатно искрен, директен или да оди од крајност во крајност, ако ве избрише, засекогаш ќе останете избришани, а ако ви прости, тогаш ви дал втора шанса.

Водолија

Имајќи предвид дека секогаш мисли дека е во право и знае се, лесно предизвикува отпор од околината, но сепак си држи до имиџот во јавност. Сака да полемизира, на сите им дава до знаење дека со нив не може да се манипулира, но со задоволство манипулира со другите. Кога е повредена, се прави дека не е лута и тогаш е најопасна, бидејќи станува одмаздољубива и агресивна.

Риби

Лесно се навредува и лути, но лесно простува. Лесно менува расположение, но е многу поупорна и посамостојна, отколку што изгледа на прв поглед, па не дозволува никој да и се меша во одлуките, што може и да ја разлути. Ако дојде до тоа, реагира импулсивно па е подготвена да ја истера правдата по секоја цена. Знае да биде нескротлива и со тоа може да ја налути околината, никогаш не е злонамерна.

Коментирај