Хороскоп – 15-ти Ноември

0
584

Денес, 15-ти Ноември, Месечината од Близнак ќе направи Т-квадрат со Северниот и Јужниот небесен чвор, поточно, сега за 3 часа егзактен квадрат со Нептун и обата чвора Кету и Раху. Нептун влегува во Т-квадратот во пакет со чворовите.
Екстремна енергија. Луда енергија. За среќа што Меркур и Марс се во добра конверзација, зошто Меркур е диспозитор на Близнаците каде што сега транзитира Месечината.
Емоциите излегуваат на површина. Сонцето во Шкорпија ги катапултира. Големи промени. Трансформации. Големи стравови кои треба да ги надминеме. Стравови од изминатите 4 години. Стравовите може да ги збришеме и да ги оставиме во минатото само ако ги промениме мислите и ставовите околу тоа.
Ако дозволиме стравовите да не одвлечкаат кон лудилото кое се случува околу нас, ќе биде многу тешко. Треба да останеме на земја. Тоа е многу тешко, кога само Венера во моментов е во земјен знак, во Јарец и тоа во тешки аспекти, во кардинален крст, во квадрат со Јупитер и Уран и конјункција со Плутон.
Ако сме радикални, ќе не однесе лудилото на оваа Месечина во Близнаци.

Нептун застана сосем. Кога велам застана, во астролошкиот јазик значи дека тој е најблиску до Земјата и се подготвува да тргне директно (да се оддалечи). Следниот викенд ќе биде најдраматично со Нептун.
Денес и утре пред да донесете некој заклучок, помислете подолго. Не го заборавајте благословот на Полната Месечина во Бик. Таа беше за вашите вредности, за трајните вредности. Ако почнете да донесувате заклучоци без подлабоко да истражите ќе направите голема драма.

Внимавајте во сообраќај оваа недела !

Останете позитивни. Не спинувајте. Не верувајте на ниту еден медиум. Меркур во квадрат со Нептун ќе не заглави во стравот, во самосожалувањето. Многу магла оваа недела. Многу лаги.
Останете на линијата на вашиот личен прогрес. Не мора да ги имате баш сите одговори. Она што е важно е перцепцијата. Оваа недела перцепцијата ќе биде длабоко во матните води на океанот на Нептун. Слушајте музика, појдете на изложба или балет. Не слушајте вести. Не читајте непроверени медиуми, сајтови и сл. Следете само проверени медиуми, со трајни вредности.
Внимавајте од депресивни мисли родените кон крајот на Мај и првите денови на Јуни, на крајот на Фебруари и почетокот на Март, родените кон крајот на Августи првите два дена од Септември, како и родените во последните 5 дена од Ноември. Ако ви се лежи лежите. Ако ви се спие спијте. Не верувајте никому оваа недела. Ако ви е потребен совет, прашајте само една личност, и тоа личност која не е родена на овие дати. Дури и таа личност која ќе ја побарате за совет, дури и за неа нема да имате инстинкт заради ударот на Нептун.
Така што мој совет за овие Близнаци, Девици, Стрелци и Риби е да се советувате со некој со кој до сега се немате советувано или со некој кој не го сметате соодветен. Да, во промената е решението. Вашите перцепции во моментов се во магла. Не очајувајте. За еден месец ќе биде подобро.
#MoonStore

https://www.facebook.com/astrowebinar/ во соработка со Јавно.мк

Коментирај