Хорор: Навивачи по дерби натпревар групно силувале девојка во воз, уапсени 60 лица

0
1565

Викендов навивачите на Борусија Менхенгладбах силувале 19 годишна девојка во воз, пишуваат германските медиуми.

Група хулигани ја нападнале девојката во возот кога се враќале од Минхен, каде нивниот клуб играше дерби во Бундеслигата со Баерн.

Според германските медиуми тие ја одвлекле девојката во тоалетот и групно ја силувале.

Таа по страшната случка повикала полиција која возот го дочекала на станицата во Флерсхајм.

Уапсени се 60 навивачи и одведени на разговор во станица.

Коментирај