Холифилд ќе се врати во рингот на 57 години!

0
331

Поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија, Американецот Ивандер Холифилд, кој на 19 октомври ќе го прослави 57-ми роденден, планира да одржи ревијален меч во Јапонија во 2020 година.

Точното место на натпреварот и противникот се уште не се познати, но тој се согласи да се врати во рингот поради добротворни цели, а не за да заработи пари.

„Главната работа е да им се даде на луѓето во Јапонија можност да го видат единствениот четирикратен светски шампион во тешка категорија“, изјави Американецот.Холифилд ја одржа својата последна борба во професионалниот ринг во 2011 година против Брајан Нилсен. Победи со технички нокаут во 10. рунда.

Извор: sportski.mk

Коментирај