Хојт Ји се плаши дека ќе биде понижен, па нема да бара средба со Иванов

0
953

Високиот американски дипломат Хојт Ји кој како претставник на Стејт Департментот доаѓа на први мај во Скопје најверојатно нема да побара средба со тврдиот орев, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов бидејќи тој досега или целосно ги игнорираше странските дипломати или воопшто не наоѓаше време да ги удостои со средба.

Дојче Веле пренесува дека точните причини зошто Хојт Ји нема да се сретне со Иванов не се откриваат, но не е тешко да се направат претпоставки.

Главната мисија на Хојт Ји ќе биде средба со лидерите на политичките партии во најверојатно последниот бран на американски дипломатски притисок да се најде решение за политичката криза во Македонија преку формирање на нова влада со потребните компромиси.

Коментирај