Хипи Движење – Mаke peace not War

0
254

Слободни како ветер, не следиме правила. Со широки гледишта и не осудуваме. Уживаме во магиите на животот низ патувања. Не сме лидери сите сме исти. Веруваме дека луѓето треба да шират повеќе љубов, а помалку омраза. Едноставно е.

-Хипи порака

Едно од најинтересните движења во поновата историја е хипи движењето, каде што млади луѓе избраа вообичаениот социјален живот да го претворат во живот кој е поблиску до природата наречен Summer of love (Лето на Љубов).  Како и секое ново движење, хипи создава еден нов правец во уметноста, модата, културата. Замислете мирољублив свет, без општествени ограничувања, наоѓање нова смисла во животот, отворени патишта за кој било дестинација, таму каде што има љубов во живо.

Во шеесетите не било невообичаено секојдневно да гледате луѓе, машки и женски со долги коси, во широки фармерки, сандали и кошули во светли бои, невообичаени шари. На движењето му се придружиле сите млади незадоволни луѓе без разлика на степенот на образование и расна припадност, кои бараат сигурност низ групен идентитет. Разочарани од околината, сакаат да уживаат во животот без обврски, да се откажат од современиот поредок кој им наметнува норми на однесување. Овие млади пропагираат љубов и ненасилство, се борат против војната и неправдата носејќи тапани и гитари. Морољубивоста ја покажуваат давајќи им цвеќе на полицајците.

Она што е фасцинантно во хипи филозофија е дека таа одговарала на различни луѓе. Очигледно е дека во себе ги носи некои од суштинските проблеми на човековата егзистенција без оглед на расна, политичка или религиозна определба.  Хипи како стил на живеење во суштина не е екстремистичко и не инсистира на драстични промени во друштвото или во начин на живеењето. Исто така добро е да се знае дека на хипи движењето први му се придружиле интелектуалците, талентирани музичари, поети, сликари и новинари. Резултат на овој слободен животен стил биле хипи камиони и куќи украсени со најразлични шари во психоделичен стил. Друга работа поврзана со хипиците е употреба на психоделични и опојни дроги, првично ЛСД и марихуана. Идилата траела релативно кратко. Ја уништиле пред се, се поголема распространетост на дрога и апсурдноста на ваков вид на човечка егзистенција, затоа што во имагинарниот свет каков што проповедаат хипи ме може да се опстане долго.

Магдалена Восинска од Полска е вистинска хипи девојка на 21 век, која што живее многу забавен живот. Патувајќи низ светот со камера, бара иснпирации за фотографии, а ја наоѓа во прекрасни локации и луѓе. Не срамејќи се од своето тело ги поттикнува и другите да размислуваат така. Со своите големи автопортрети шири свест за прифаќање на сопственото тело, а таа веќе тоа го прави 8 години. Поради животниот стил и ширење на идејата за мир и љубов, таа е прогласена за хипи кралица на интернет.

Ова движење ги носи некои од суштинските проблеми на човековата егзистенција без оглед на расна, политичка или религиозна определба. Хипи како стил на живеење во суштина не е екстремистичко и не инсистира на драстични промени во друштвото или во начин на живеењето. Исто така, добро е да се знае дека на хипи движењето први му се придружиле интелектуалците, талентирани музичари, поети, сликари и новинари. Резултат на овој слободен животен стил биле хипи камиони и куќи украсени со најразлични шари во психоделичен стил. Друга работа поврзана со хипиците е употреба на психоделични и опојни дроги, првично ЛСД и марихуана. Идилата траела релативно кратко. Ја уништиле пред се, со преголемата распространетост на дрогата и апсурдноста на ваков вид на човечка егзистенција, затоа што во имагинарниот свет каков што проповедаат хипиците може да се живее кратко.

www.hybread.mk

Подготви: Марија Алексиќ

Коментирај