Херојот кој и донесе полуфинале на Хрватска ја отвори душата- болеста ми ја промени кариерата

0
718

Човекот кој ја одлучи „судбината“ на хрватската репрезентација Иван Ракитиќ шутирајќи го последниот пенал и ја однесе хрватска во полуфиналето на СП пред мечот со Русија за шпанските медиуми изјави досега непознати работи од неговиот живот.

Тој во шпанските медиуми предизвика големо внимание поради тоа што има интересно потекло.

Неговата мајка е од Босна и Херцеговина, татко му од Хрватска, израснал во Швајцарија, сопругата му е од Шпанија, а игра за хрватската репрезентација.

По тој повод медиумите го запрашаа дали се сеќава на натпреварот кој го играл со У-17 за селекцијата на Швајцарија против Хрватска?

-Како да беше вчера, тоа беше меч на кој ми беше најнепријатен во мојот живот. Тој ден сфатив дека нешто не е како што треба. Не сакав да играм за Швајцарија, тоа е мојот дом. Голем навивач сум на швајцарската репрезентација, бев тажен кога испаднаа, но се надевам дека сите Швајцарци сега навиваат за Хрватска.

Во екот на подготовките за СП Ракитиќ дознал за болеста за која за шпанските медиуми зборува отворено искрено.

-Во текот на еден од прегледите дознав дека имам болест, т.е дека неговото тело не поднесува глутен. Повеќе пати по мечевите се чувствувам лошо и надуено. Поради тоа го променив целиот начин на исхрана и додека сум дома пијам само вода, нема повеќе газирани сокови. А започнав и да работам со луѓе кои ми помогнаа да се справам со овој проблем.

Коментирај