Херој на годината: Момчето без глас победи на „Британија има талент“ (ВИДЕО)

0
476

Комичарот Ли Ридли, попознат како „Момчето без глас“, кој инаку е лице со попреченост, победи на шоуто „Британија има талент“.

Триесет и седумгодишниот комичар со својот хумор освои мнозинство од гласовите на вкупно 2,5 милиони гледачи. Тој во финалето ги победи своите соперници Роберт Вајт, исто така комичар и пејачот Дончез Дакрез.

Ли Ридли инаку е роден со церебрална парализа, поради што има пречки во говорот, па своите шеги, кои честопати се и на негова сметка, ги кажува со помош на дигиталната технологија. (МИА)

Коментирај