Хари Кејн го искачи Тотенхем на второто место во Премиер лигата

0
137

Тотенхем го декласираше тимот на ВБА во првиот меч од 21. коло во Англиската премиер лига победувајќи го со 4:0 (2:0).

Хари Кејн постигна три погодоци, а автогол си постигна Меколи пред крајот на првиот дел.

Со оваа победа Тотенхем има 45 бода со што се искачи на втората позиција на табелата зад Челзи со 49 бода и натпревар помалку.

Коментирај