Хан си заминува од Македонија без збор

0
626

Еврокомесарот Јоханес Хан заминува од Македонија вечерва, но нема да ја одржи најавената прес-конференција, која според агендата требаше да се одржи околу 22 часот.

По завршувањето на средбите со лидерите на политичките партии Хан ќе остави писмено соопштение во кое ќе ги презентира ставовите на ЕУ по оваа посета на Скопје.

Хан денеска се сретна со лидерите на Беса и на Алијансата за Албанците, на ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, одби да се сретне со Хан, а Хан не покажа доблест и почит кон граѓаните на Република Македонија и не оствари средба со нив на нивно барање. Исто така, еврокомесарот немаше време да ги прими ниту претставниците на ТВ Нова.

Коментирај