Хан: Бугарија да не го злоупотребува пристапниот процес за билатерални спорови

0
570

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан е „уверен“ дека Софија нема да го блокира почетокот на преговори за членство на Македонија во ЕУ, но ја повика да не го користи пристапниот процес за билатерални проблеми.

Одговарајќи на прашање на МИА за позицијата на Бугарија околу преговорите со Македонија и барањата поврзани за историјата и јазикот, Хан истакна дека е „многу уверен дека ова не води кон никакво вето“ и дека има „многу доверба“ во бугарскиот премиер Бојко Борисов дека тоа нема да се случи.

– Но, ова е исто така прашање каде можам само итно да ги повикам нашите земји членки да не го употребуваат процесот за билатерални прашања, ако тоа биле случај, тогаш ова никаде не води, истакна комесарот Хан.

Извор: Курир.мк

Ван ден Берг: Кому му требаат непријатели при соседи како Грција и Бугарија?

(ДОКУMEНТ) Бугарската влада: Откажете се од терминот „македонски јазик“ за да влезете во ЕУ!

Бугарија постави дебели „црвени линии“ за Македонија

Коментирај