Хајредини: Без помош на странците, Заев нема сила да се справи со Ахмети

0
266

Џевдет Хајредини е поранешен функционер, министер за финансии, колумнист и аналитичар. Хајредини во министерската фотеља седна во септември 1992 година и ресорот го менаџираше до крајот на 1994 година. Хајредини постојано се искажува за различни прашања, а овој свој став повеќе пати го изнесе во јавноста и добро е елабориран во текстовите и интервјуата за ЦИВИЛ МЕДИА. Тој денеска нѐ потсетува:

Дојде моментот да го повторам тоа што сум пишувал и кажувал повеќе пати досега: ДУИ жестоко ќе се спротивстави на реформите во правосудството. Ќе стори сѐ, само СЈО да не ги заврши отворените истражни постапки. Заев нема сила, без помош на странците, да се справи со Али Амети, кој многу добро знае дека, заедно со своите најблиски соработници, ако реформите успеат, ќе се најдат таму каде што се наоѓаат тие со кои осум години во заедничка власт ја заробија државата и ја втурнаа во длабока криза, од која нема излез без директна интервенција на ЕУ и САД.

Извор:republika.mk

Коментирај