Гвардиола: Сити е мојот последен клуб

0
507

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека се подготвува за пензија и дека премиерлигашот ќе биде последен клуб во неговата кариера.

– Ќе бидам во Манчестер Сити во наредните три сезони, можеби и малку подолго, но се ближам кон крајот на својата кариера, сигурен сум во тоа. Немам намера да бидам тренер на 60 години. Полека се ближи крајот на мојата кариера, изјави шпанскиот тренер.

Гвардиола кој за 15 дена ќе наполни 46 години, во јуни стана менаџер на Манчестер Сити, откако претходно три години беше предводник на минхенски Баерн, а тренерската кариера ја започна во Барселона.

Коментирај