Гвардиола донираше 150.000 евра за помош на бегалци

0
76

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола донираше 150.000 евра во невладина организација, која се занимава со спасување бегалци во Средоземното море.

Фудбалерот го одреди износот за обновување на брод за спасување, на кој итно му треба поправка.

Организацијата, наречена „Проактива опен армс“ (Proactiva Open Arms), е основана во 2015 година и помогнала да се спасат повеќе од пет илјади луѓе во Медитеранот, пренесе „Марка“.

МИА

loading...

Коментирај