Груевски: СДСМ го измамува народот, со усогласувањето пензиите ќе бидат поголеми за само 180, наместо за 670 денари

0
611

СДСМ го потценува народот, а особено ги потценува пензионерите, обвини денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Изјавите на СДСМ за зголемувањето на пензиите според Груевски се голема измама.

-Таа измама е што зголемувањето на пензиите во време на ВМРО-ДПМНЕ секој месец плус 670 денари тие го споредуваат со усогласувањето кое сега ќе го има за цела година. Во време на ВМРО-ДПМНЕ речиси секоја година имаше зголемување на пензиите за 670 денари месечно. Тоа годишно е над 8 илјади денари. Сега усогласувањето кое е по закон и мора да го направат, а да имаа избор можеби и тоа немаше да го направат, ќе значи плус 180 денари месечно, а годишно 2160 денари, образложи Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ова е голема измама од страна на СДСМ и додава дека не може да верува како СДСМ си дозволуваат да ги измамат луѓето на ваков начин.

Коментирај