Груевски победник на изборите – тоа секој Македонец го знае!

0
535

По долги натегања превирања протести барање фантоми предвремените парламентарни избори 2016 ќе се одржат во недела на 11 декември.

На 12 декември во Македонија новата влада ќе ја составува политичката партија која ќе освои најмногу мандати на изборите.И повторно како многупати досега главната улога ја имаат Вмро Дпмне и Сдсм. Или скратено дуелот Груевски и Заев. Груевски е човекот кој од 2006 год до денес нема изгубено избори во Македонија. Ако победи и во недела тоа ќе биде негова десетта љубилејна победа без разлика дали се тоа локални, парламентарни или претседателски избори.

Последниот дуел помеѓу Груевски и Заев беше 2014 год на парламентарните избори и резултатот беше околу 200.000 гласа разлика во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ резултати не ги призна бидејќи изборите биле нелигитимни. А да потсетиме дека од сите меѓународни претставници изборите беа проценети како фер и демократски. Од тогаш и почна политичката криза. Неможејќи да понудат развој на својата држава Заев ни понуди циркус со протести, насилие, фарбање сè со цел да го заземе премиерското место во Македонија. Навидум тој кажува дека него го држат од „горе“ и дека ќе стане премиер без избори, мислиш ќе станува кмет во Муртино.

Ни понуди Заев двојазичност и ние Македонците многу сме „среќни“ што сега сите кога тој ќе „дојде на власт“,  а тоа е некогаш ќе учиме албански, а ќе се чуствуваме како да сме во  Швајцарија. Чудо од човек. Плата ќе имаме просечна од 500 евра само незнаеме како ќе го направи тој просек дали неговата ќе биде 5.000 евра, а на граѓаните пак нема да им даде ништо.

Како минува времето сè подлабоко и подлабоко се дави од изјава во изјава, не му се фаќа поентата – нејасен е човекот.

Па на македонската политичка сцена немало ваков  „талент“ од политичар. Тој предвреме ги премисли и тие што сакаа да гласаат за него.

Целиот овој период лута ли лута, бара нешто, а и тој не знае што бара зошто нема и што да понуди. Ја зема и Катица да помага и таа исто не знае каде е, и  таа не му помогна.

Ќе конфискувале, ќе затварале, мислиш тие се суд во оваа држава. На „нероден петко капа му кројат“.

Не за џабе човекот е „црпнат“ од нива. Убаво си кажува тој. Секој ден, нова глупост. Па зошто да не треска глупости. Тој и онака знае дека нема да добие избори. Тој го враќа долгот кон шефот Бранко кој го извади од Шутка инаку „чудото од политичар“ требеше да си лежи затвор. И сега исто му се фаќа, има безброј фирми прави милиони и не му е битно што ќе зборува.

Заев е свесен дека нема да победи. Заев е свесен дека не е достоен за премиер, па може да си зборува што сака бидејќи тој и онака е амнестиран.

Од друга страна багажот на Груевски е полн со дела кои ги направи во овие десет години. Почна да ја гради државата од нула. Немаше Македонија ни фабрики,  ни автопати, ни училишта, ни стадиони, ја садрисаа другарите на Заев.

Почнаа да се дават субвенции на земјоделците, исто така почнаа да се градат патишта, спортски објекти, па дури почнаа да се градат и фабрики. Невработеноста се намали и нема фамилија во Македонија која нема нешто искористено од владата на Груевски.

Груевски се изгради во огромна моќна политичка фигура во Македонија и во регионот, а од ВМРО-ДПМНЕ направи партија достоинствена за почит.

Нема каде не е пречекан достоинствено. Создаде зад себе личност која ја сакаат насекаде, а посебно во Македонија. Затоа и победата на изборите во недела ќе си дојде.

За да победиш треба да работиш. Победите доаѓаат со работа, а Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во периодот кој измина работеа и стигнаа до секој Македонец. Затоа секој Македонец во недела ќе гласа за ВМРО-ДПМНЕ.

Секој македонец треба да гласа за Македонија. Да се продолжи со градењето на својата Македонија, а со тоа и да се стави крај на уривањето на сè што е Македонско од страна на Заев и другарите.

Македонија е држава на Македонците и сите тие треба заедно сложно и братски да живеат во оваа држава.

Глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за Македонија. Глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за нови фабрики и вработувања и подобрување на животниот стандард. Глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за Никола Груевски да биде на чело на оваа држава.

Само тој може да не однесе кон подобар живот. Затоа горди Македонци во недела со пенкало во рака да им покажеме на Заев и компанијата дека нивното место е надвор од политиката. Македонија е држава на Македонците тоа и понатаму ќе остане да биде така.

Победата со 63 пратеници ќе ја има, а тоа ќе стави до знаење дека народот и само народот ќе одлучува во оваа држава.

Со среќа Македонци нашиот избор е Македонија.

Пишува: Влатко Ристов за Јавно.мк

Коментирај