Груевски осуден на две години затвор

0
3388

Две години затвор за поранешниот Премиер Никола Груевски, како обвинет во случајот Тенк, односно за набавката на мерцедесот од 580.000 евра.

Поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски пак е осуден на шест години и шест месеци.

Судијката Добрила Кацарска, образложувајќи ја оваа пресуда истакна дека Груевски побарал од Гордана Јанкулоска да спроведе јавна набавка за мерцедесот, а таа го потикнала Ѓоко Поповски да ја фаворизира компанијата Мак Ауто Стар.

Таа истакна и дека Груевски ги потценил и омаловажил граѓаните бидејќи зад нивниот грб во тајност го набавил мерцедесот по сопствена желба.

„Чест е да се биде носител на јавна функција, а особено премиер. Легитимитетот го добил од граѓаните, па заради тоа требало да се грижи за нивните интереси. Но, наместо тоа тој ги омаловажил и потценил – посочи Кацарската.

Коментирај