Груевски со одлична вест: Се реализира уште едно ветување, обезбедени милион евра за водоводниот систем во Гевгелија

0
469

Во Гевгелија денеска ќе почне реализација на проектот за унапредување на водоводниот систем кој е финансиран преку ИПА фондовите. Почетокот на реализцијата ќе го означат евроамбасадорот Самуел Жбогар и министерот за финансии Кирил Миноски.

Изградбата на водоводниот состем ја поздрави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој на Фесбук напиша дека директни корисници на придобивките ќе бидат дваесетина илјади граѓани од општина Гевгелија, Богородица, Моин и од Мрзенци. Исто така, директна корист ќе имаат и дел од жителите на соседната општина Богданци, како и населените места Селемли и Стојаково.


Вкупната вредност на проектот е 1,7 милиони евра, а целта е подобрување на квалитетот на водата за пиење за жителите.

Планирана е изградба на четири бунари, пумпи, станици за хлорирање и водоводна мрежа и резервоар со капацитетот од 1000 метри кубни.

„Ова е почеток на реализацијата на уште едно ветување од нашата програма. Со ова ќе се надминат проблемите со водата и директно ќе се влијае на подобрување на нејзиниот квалитет. За релизација на овој проект особен придонес даде градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов и Владата, а истиот ќе се реализира во соработка со ЕУ и Светската банка“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и потсети дека целта на неговата партија и Владата е подобрување на реалниот живот на граѓаните.

„И покрај сите политички предизвици, нашиот основен приоритет се граѓаните и тоа така и ќе остане. Ние продолжуваме со работа, со проекти со кој се подобрува секојдневието на граѓаните.“

Ова е дел од кампањата „ЕУ за вас“.

Вкупната помош за оваа намена од ЕУ е 80 милиони евра како дел од ЕУ ИПА програмата (2007-2013), што треба да биде дополнета со уште 100 милиони евра планирани со ИПА2.

Коментирај