Груевски: Наша работа е да ги решаваме проблемите на сиромашните, невработените, младите, работниците и пензионерите

0
566

Наша работа е да ги решаваме проблемите на сиромашните, наша работа е да ги решаваме проблемите на невработените, наша работа е да ги решаваме проблемите на младите, работниците и пензионерите. Ние не сме тие што со празни зборови ја киднпираме иднината, лебот, работата на нашите луѓе, ова го изјави Никола Груевски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на Конвенцијата именувана како „Нова Ера“.

Ние не сме непринципиелни и неконзистентни како што тоа се други. Ние истото ова го говориме и правиме и во Скопје, и во Охрид и во Битола и во Прилеп и во Струмица и во Тетово и Гостивар, во Кичево и Лозово. Ние сме луѓе од збор и тоа што го мислиме тоа и го говориме и правиме. Ние ја сакаме нашата земја и нашиот народ. Ние за нив говориме со љубов. Ние ги исполнуваме нашите ветувања и не се плашиме од никого. Ние сме посветени и нашите мисли и срца се насочени кон целта за решавање на проблемите на Македонија. Тоа е нашето вистинско лице и така мора и така ќе работиме во иднина. Нашите кадри, нашите кандидати за градоначалници силно ја сакаат нивната работа, својот град и својата татковина. Создаваме тим на луѓе кои во меѓусебна соработка силно и посветено ќе работи на нашите идеали и визија. Оние кои само зборуваат и не работат нема лесно да не разберат, истакна Груевски.

Тој вели дека оние чија што надеж произлегува од ширењето лаги и озборувања нема воопшто лесно да не разберат. Оние кои ги занемаруваат вредностите на нашата земја, нема лесно да не разберат.

-Оние кои не решаваат проблеми на нашите луѓе и нашата татковина, кои бараат и создаваат гнасни и мрачни сојузи, нема да можат да не разберат. Ние, сите ние, народот на Македонија, сме силата и иднината на нашата земја. Сложно, и вредно, работно и одговорно, гордо и достоинствено. Народот е Македонија. Народот ја прави оваа земја тоа што е, наш сон и наша надеж. ВМРО-ДПМНЕ подава рака на сите. Им пружа рака и пријателски стисок на секој наша граѓанин, без разлика на неговата верска, етничка или било каква друга припадност. Сите граѓани, од сите градови, сите региони, на возраст од 7 до 70 години. Сите сегменти на македонското општество работници, уметници, пензионери, доктори, учители ги сметаме дел од нас, од нашата работа и нашите политики. Нема да има дискриминации ниту класификации. Никогаш нема да се дистанцираме од народот. И нашите кандидати ќе ги следат овие инструкции, тие ќе рамо до рамо со својот народ. Грешките ги исправивме исправаме и ќе ги исправаме и тоа е нашата предност, ги слушаме пораките на народот. Подобри сме и посмели, но и многу поодлучни и пофокусирани, потенцираше Груевски.

Тој истакна дека нивните кандидати, навните активисти мора да затропаат на вратата на сите, мора да се ракуваат со секого, мора да се соживеат со сечиј живот и сечие срце. Мора искрено да ги зацврстат врските на меѓусебна почит и разбирање. Нивните кандидати мора да го сретнат секој гласач, мора да го сослушаат и да знаат како да го решат нивниот проблем. Нивните кандидати да го знаат секој проблем во нивната општина, на нивните сограѓани. Затоа што ние сме тука да им помогнеме на граѓаните, да ги решаваме нивните потреби и проблеми.

-Ја знаеме нашата одговорност кон сегашните и идните генерации. Имаме обврски врз нашите маала, села, градови, општини. И Македонија е подготвена да ни ги даде нашите обврски, рече Груевски.

Коментирај